Креаторите на новата апликација за вештачка интелигенција, FeaturePrint тврдат дека може да бидат откриени лажни производи со анализа на една фотографија, која може да биде корисна во различни ситуации
Компанијата Alitheon ја развива FeaturePrint, апликација која користи вештачка интелигенција, која според компанијата, може да открие лажни производи само врз основа на анализа на една фотографија на iPhone.
Alitheon нагласува дека фалсификуваните производи се голем проблем, кој се повеќе се шири во светот на уметноста, посебно аукциските куќи. Додека постојат експерти кои се специјализирани за откривање фалсификати, и тие можат да бидат измамени.
„Аукциските куќи се под притисок да ја осигураат автентичноста на уметноста што ја продаваат. Еден случај на продажба на фалсификати може непоправливо да ја наруши нивната репутација“, вели ПР-от на Alitheon. „Всушност, според податоците на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, црниот пазар на уметност, кој вклучува кражба, фалсификување, нелегален увоз и организиран грабеж, може да донесе до шест милијарди долари годишно.
Компанијата тврди дека развила едноставно решение кое го прави идентификувањето на фалсификатите исклучително едноставно. Користејќи само една фотографија направена со iPhone (веројатно и со Android), FeaturePrint – оптички AI – е способен да ги „види“ и претвори површинските детали на физичките објекти во она што Alitheon го опишува како „уникатен математички идентитет“.
Апликацијата го карактеризира и специфичниот објект од кој е извлечен, наместо типот на објект. „Таа може, на пример, да претставува некој модел на Intel Core i9 процесор, наместо целата класа на Intel Core i9 процесори. Сите информации засновани на класа намерно се отстрануваат“, вели Алитеон.
Тие истакнуваат дека оваа технологија се заснова на машинско учење и алгоритми за оптичка вештачка интелигенција, а не налепници, баркодови, QR кодови, RFID или други гравури.
„Повеќето од денешните системи за идентификација користат помагала, како што се бар кодови, QR кодови или RFID ознаки. Овие елементи можат да бидат заматени, одвоени од предметот или самите да се фалсификуваат. Со тоа што апликациите ги прават објектот идентификатор, не ни се потребни овие елементи“, тврдат од компанијата.