Google неодамна го лансираше својот прв паметен телефон со екран на преклопување, Pixel Fold. Во меѓувреме, се појавија и гласини дека компанијата работи на втор ваков флексибилен уред.
Сега има официјални информации во оваа насока од Ајви Рос, шеф на одделот за дизајн на хардверски производи во Google. Во рамките на подкастот Made By Google, тој потврди дека компанијата работи на втор смартфон со екран на преклопување.
Сепак, развојот на уредот засега не е комплетиран и во иднина се очекува да достигне подобро ниво од достапните модели на пазарот. Засега нема други официјални информации за овој уред, но звучи логично дека ќе биде од типот на вертикално преклопување.
Останува да се види дали Google во некоја фаза ќе одлучи да лансира два типа на паметни телефони во стилот на Samsung.