Пред неколку дена се појави информација дека Samsung би можел порано да го претстави Galaxy S23 FE поради неочекуван проблем. Сега добиваме нови детали за овој смартфон.
Според познатиот дојавувач Tech Reve, Samsung би можел да го испорача Galaxy S23 FE во само една верзија на процесор. На разочарување на многумина, тоа би можел да биде чипот на Samsung, Exynos 2200.
Тој понатаму наведува дека изборот на Exynos 2200 наместо Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 чипот е стратешки потег на Samsung за намалување на трошоците и одржување на профитабилноста. Но, од друга страна, оваа одлука би можела да влијае на полошата продажба на овој телефон, со оглед на непопуларноста на Exynos чиповите.
Наводно, споменатиот чип ќе биде поврзан со 6 GB или 8 GB LPDDR5 RAM меморија, која ќе работи со брзина од 6,4 Gbps. Опциите за внатрешна меморија се очекува да бидат 128 GB или 256 GB (UFS 3.1).
Samsung веќе го тестира фирмверот за овој уред со број на модел SM-711B за европскиот пазар, додека тоа се уште не е случај за американската и јужнокорејската верзија на телефонот. Ова пак, укажува дека Galaxy S23 FE нема да пристигне толку брзо.
Што се однесува до останатите спецификации, гласините сугерираат дека телефонот ќе пристигне со сензор за главната камера од 50 MP. Станува збор за сензор Samsung GN3. Покрај него, ќе има и телефото камера од 8 MP со 3x зум и ултраширока камера од 12 MP на задната страна. Однапред ќе има селфи камера од 12 MP.
Се очекува наскоро да добиеме повеќе информации за овој телефон, особено оние поврзани со временската рамка на неговото претставување.