Очекуваме Apple следната недела да го претстави својот прв уред за мешана реалност, без да недостасуваат гласини за уредот. На пример, AR/VR хедсетот се очекува да вклучува 4K micro OLED дисплеи, а сега имаме повеќе детали поврзани со нив.
Според аналитичарот Рос Јанг, тие ќе имаат дијагонали од 1,41 инчи, а максималната осветленост може да биде над 5.000 нитa. Дополнително, можно е да достигнат густина од 4000 пиксели по инч. Сето ова ќе овозможи да се додаде поддршка за HDR.
За споредба, моментно достапните уреди имаат далеку пониски нивоа на осветленост, бидејќи вредностите како 5000 нита се прилично високи. Во спротивно, дисплеите треба да нудат подобар контраст, посветли бои и ефекти.
Уредот на Apple ќе биде меѓу најскапите на пазарот и се очекува цена од околу 3.000 долари.