Многу е веројатно дека во рок од неколку месеци Xiaomi ќе претстави нов модел во својата Mix Fold серија преклопни смартфони. Најверојатно станува збор за Mix Fold3, кој би требало да користи Snapdragon 8 Gen 2 чипсет.
Меѓу другите можни спецификации се камера со перископ леќа, како и IP сертификат за водоотпорност. Благодарение на дојавувачот Digital Chat Station, сега имаме и нови наводни информации за уредот.
Се чини дека Mix Fold3 има вградена селфи камера под преклопниот екран, како и брзо безжично полнење со моќност до 50 вати. Исто така, типстерот го потврдува присуството на перископ објектив со 5x зум и гореспоменатиот чип.
Xiaomi можеби работи и на концептуално издание на Explorer, што ќе биде прикажано заедно со Mix Fold3.