Motorola денеска претстави два нови преклопни телефони од својата понуда, а секако главна ѕвезда на презентацијата е Moto Razr 40 Ultra, кој има поголем, 3,6-инчен надворешен екран и значително се разликува од стандардниот модел.
Moto Razr 40 Ultra
Овој смартфон пристигнува со Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 чип, кој е поврзан со до 12 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија. Телефонот пристигнува со Android 13 верзијата на оперативниот систем.
Предниот дел на Moto Razr 40 Ultra е покриен со POLED екран со дијагонала од 6,79 инчи, со Full HD+ резолуција и брзина на освежување од 165 Hz. Максималната осветленост на екранот е 1400 нита, а има и поддршка за HDR10+. Секундарниот екран е со големина на дијагонала од 3,6 инчи, а станува збор за POLED дисплеј со стапка на освежување од 144 Hz и заштитен е со Gorilla Glass 7 заштита.
На задната страна, телефонот има сензор за главната камера од 12 MP со поддршка за OIS, ултраширок сензор од 13 MP и макро сензор. Од предната страна е сместена селфи камера со сензор од 32 MP. Moto Razr 40 Ultra е опремен со стерео звучници со поддршка за Dolby Atmos.
Уредот го напојува батерија од 3800 mAh, а поддржува брзо полнење од 33 W. На десната страна има скенер за отпечатоци, а поседува и IP52 сертификат.
Цената на Moto Razr 40 Ultra започнува од 800 долари и оди до 900 долари.
Moto Razr 40
Основниот модел Moto Razr 40 има 6,9 инчен OLED екран, исто како и Ultra варијантата. Овој модел одзади има помал екран од 1,5 инчи. Има и два сензори за камера – главен 64 MP и ултраширок од 13 MP, додека однапред има селфи камера од 32 MP.
Стандардниот уред напојува со Snapdragon 7 Gen 1 и има батерија од 4200 mAh со поддршка за брзо полнење од 30 W и безжично полнење од 8 W.
Цената на Moto Edge 40 се движи од 560 долари до 660 долари.