Samsung Galaxy S23 Ultra е актуелниот флегшип смартфон на компанијата, а уредот во никој случај не е евтин. Сега, новите податоци од Counterpoint Research покажуваат дека потребните компоненти за да се произведе уредот се нешто помалку од 40 проценти од конечната цена на телефонот во САД.
Аналтитичката компанија ги анализираше трошоците за материјалите и компонентите (bill-of-materials/BoM) во Galaxy S23 Ultra. Тие ја поставија оваа вредност на 469 долари, што се разбира, не ги вклучува оперативните трошоци, трошоците за маркетинг и истражување и развој.
Snapdragon 8 Gen 2 е најскапата компонента (35%),по што следува екранот (18%) и камерата (14%). Интересно е да се забележи дека Samsung се справува со развојот на 33 отсто од материјалите на смартфонот во споредба со 34% за Qualcomm.
Во моментов препорачаната малопродажна цена на Galaxy S23 Ultra во Македонија почнува од 83.999 денари.
Извор: Counterpoint Research