Новиот Meta Quest 3 со почетна цена од 500 долари, ќе биде детално презентиран на конференцијата Meta Connect, која е закажана за 27 септември
Додека технолошката заедница нестрпливо ја очекува годинaшната WWDC конференција, на која се очекува Apple да го претстави долгочекуваниот AR/VR уред, Meta објави свои вести. Поточно, Марк Цукерберг на својот Инстаграм профил сподели повеќе детали за претстојните Meta Quest 3 VR очила кои се очекува да бидат лансирани наесен оваа година.
Почетната цена на овој уред ќе изнесува 500 долари, што е повеќе од Quest 2, но поевтино ако ја споредиме оваа цена со PlayStation VR 2. Цукерберг го најави Quest 3 само три дена пред почетокот на WWDC, каде се очекува Apple да го претстави својот AR/VR хедсет, за кој се шпекулира уште од 2017 година.
Quest 3 е јасно наследник на Quest 2 од 2019 година, кој моментно е најпопуларниот VR систем на пазарот. За Quest 3 се зборуваше од минатата есен, а многу детали, вклучително и тестирање на прототипот, протекоа многу пред изјавата на Цукерберг.
Во меѓувреме, Quest 2 ќе се врати на цената од 300 долари, а се очекува големо ажурирање на софтверот да ги подобри перформансите на уредот.
Кога станува збор за дизајнот на Quest 3, се чини дека нема да има премногу промени во однос на Quest 2, но ќе има подобрувања во однос на перформансите, големината, тежината, подобри контролери за вибрации, како и некои карактеристики за мешана реалност.
Најзначајната иновација на Quest 3 се камерите во боја кои овозможуваат подобра измешана реалност, со комбинирање на видеа од реалниот свет со VR дисплеи на екраните на самите очила. Значи дефинитивно ќе видиме подобрување.
Покрај тоа, Quest 3 се очекува да пристигне со нов Qualcomm AR/VR чип кој ветува побрзи перформанси. Актуелната Quest 2 библиотека со игри ќе биде компатибилна со Quest 3, но се очекува новиот уред да поттикне развој на понапредни игри и апликации кои на крајот ќе станат ексклузивни за Quest 3.
Можеби малку изненадувачки, Quest 3 нема да има технологија за следење на очите како поскапиот Quest Pro или PlayStation VR 2, но се очекува да биде супериорен во однос на Pro во однос на VR перформансите.