Европската вселенска агенција (ESA) ќе го објави првиот пренос во живо од Марс. Овој стрим во живо треба да прикажува досега невидени детали за Црвената планета. Преносот во живо ќе биде достапен на YouTube каналот на ESA.
Орбитерот Mars Express на ESA ќе споделува нови фотографии од Земјата на секои 50 секунди, почнувајќи од денеска по 17 часот по македонско време. Mars Express се наоѓа на повеќе од 17 километри над површината на Марс.
Станува збор за стара камера, првично планирана за инженерски цели, на оддалеченост од речиси три милиони километри од Земјата и таа сè уште не е тестирана.
„Да бидам искрен, не сме 100 проценти сигурни дека ќе успее, но јас сум прилично оптимист. Обично гледаме слики од Марс и знаеме дека се направени пред неколку дена. Возбуден сум што го гледам Марс онаков каков што е сега“, објаснува Џејмс Годфри, шеф за операции на вселенски летала во Центарот за контрола на мисијата на ESA во Дармштат, Германија.
Треба да се напомене дека иако настанот ќе биде во живо, потребни се до 22 минути за податоците да поминат повеќе од 460 милиони километри од Марс до Земјата.