Првиот лаптоп опремен со новата 14-та генерација Intel Meteor Lake процесори е Prestige 16 Studio на MSI, претставен на овогодинешниот саем Computex
Новата верзија на лаптопот MSI Prestige 16 Studio е прва којае претставена со процесорот на Intel од 14-та генерација, со кодно име Meteor Lake. Овој лаптоп е изложен на Computex 2023 во Тајван, кој завршува денес, објави Tom’s Hardware.
Една од предностите на технолошките саеми е токму тоа што за прв пат може да се видат хардверски производи кои се уште не се целосно објавени. Новиот лаптоп на MSI со новата генерација на процесори на Intel е жив пример за таа предност.
MSI секако го најави својот нов Prestige 16 на овогодинешниот CES, но таа верзија на лаптопот користеше процесор од 13-та генерација Core i7 Raptor Lake. Изгледа дека верзијата што е прикажана во Тајван користи делови од претстојниот процесор на Intel, Meteor Lake, иако спецификациите се нејасно означени: „најновиот Intel Core i7 процесор“.
Новиот мистериозен процесор има 22 извршни нишки, што значи дека веројатно има шест јадра со високи перформанси, осум енергетски ефикасни јадра, како и две енергетски ефикасни јадра во чипсетот.
Имајќи предвид дека само јадрата со високи перформанси имаат Hyper Threading технологија, која овозможува извршување на повеќе од еден сет инструкции истовремено, процесорот има вкупно 16 јадра.
Чипсетот со шеснаесет јадра работи на 3,1 GHz и има вграден Movidius VPU, т.е. нова класа на микропроцесор, што е карактеристично за Meteor Lake и е дизајниран да ги забрза задачите од „машински вид“. Сепак, некои од овие спецификации може да бидат променети во финалната верзија.
Сегашниот Prestige 16 лаптоп тежи еден и пол килограм со куќиште од легура на магнезиум и алуминиум, додека претходната варијанта тежеше 2,1 килограм.
Лаптопот има екран со дијагонала од 16 инчи со резолуција од 2560×1600 пиксели. Спецификациите на панелот се идентични со претходната верзија, но MSI не потврди дали поновиот модел сè уште има стапка на освежување од 165 Hz. Екранот покрива 100 проценти од DCI-P3 опсегот на бои, што е важен аспект за професионалните фотографи и видеографи.
На овој начин, клиентите ќе можат да избираат помеѓу две верзии на Prestige 16. Верзијата со Intel Evo сертификат значи дека има Intel Iris Xe графика. Во меѓувреме, Studio верзијата на лаптопот го спојува процесорот Intel Meteor Lake со драјверите на Nvidia GeForce RTX 4060 GPU Studio.