Апликацијата Dev Home на оперативниот систем Windows 11 содржи нови виџети со кои се надгледува процесорот, графиката и RAM меморијата
Нова алатка со отворен код за Windows 11 беше најавена пред неколку дена на конференцијата Microsoft Build 2023, пренесува Xda Developers. Апликацијата Dev Home им нуди на програмерите можност да ја приспособат својата работна околина со помош на различни екстензии, вклучително и нови виџети, и на тој начин да ги следат нивните проекти.
Апликацијата во моментов е достапна за корисниците на Windows 11 за преглед во Microsoft Store. Новите графички контроли што ги нуди може да се користат за следење на користењето и перформансите на работата CPU, GPU и RAM на компјутерите, како и за следење на перформансите на мрежата.
Со мониторинг и со помош на напредни опции ќе може да се затворат на најпребирливите програми, како и да се префрлате од еден на друг графички процесор, беше истакнато на конференцијата.
Новите виџети на Windows 11 можете да ги видите на листата подолу подолу:
- GPU виџет: следење на перформансите
- Мемориски виџет: следење на перформансите
- Мрежен виџет: следење на перформансите
- Виџет за SSH ланец на клучеви: создава листа од SSH конекциите достапни во ssh/.config фајлот. Со избирање на една од овие SSH конекции се отвора врската во апликацијата Windows Terminal
- GitHub виџет: Dev Home GitHub екстензијата може да се поврзе со корисничките параметри на GitHub и да обезбеди приспособливи виџети и известувања.
За да ги овозможат новите виџети, корисниците треба да одат во продавницата на Microsoft или GitHub да ја преземат апликацијата Dev Home (preview). Со кратенката на тастатурата, со притискање на Windows копчето и буквата V ќе се отвораат виџети, а потоа ќе излезат известувања за новите виџети што ќе бидат достапни.
Со оглед на тоа што апликацијата се уште е во претпремиерна, односно Preview верзија, корисниците може да наидат на грешки и нестабилност. Напротив, моментно дури нема ни опција за промена на големината на виџетуте, што може да одврати некои корисници да ги користат.
Сепак, голема е веројатноста апликацијата во иднина да добива свои надградби, кои ќе ги решат сите евентуални проблеми.