Qualcomm наводно преговара со Sony и Nintendo за производство на рачна конзола. Ако преговорите поминат добро, на пат може да биде Snapdragon рачна конзола
Преносните конзоли за игри се сè попопуларни, а сега може да им се придружи и брендирана Snapdragon рачна конзола. Qulacomm наводно е во преговори со гигантите како Sony и Nintendo, познати по своите гејмерски конзоли и игри, пренесува WccfTech.
Qulacomm првично планираше конзола за игри со Android оперативен систем, која ќе има отстранливи контролери како Nintendo Switch, првата рачна конзола која остави позначаен белег во гејминг индустријата во последно време.
Сепак, варијантата со Android може да отпадне, имајќи предвид дека се појавија гласини дека Qualcomm преговара со Sony и Nintendo за развој на хардвер. Тоа би значело дека идејата на Qulacomm за преносна гејмерска конзола можеби повеќе личи на конкуренцијата.
Snapdragon рачна конзола е логичен чекор
Меѓутоа, сè уште не е јасно како ќе изгледа потенцијалното партнерство меѓу трите гиганти. Засега се чини дека Qualcomm бара помош од Nintendo во однос на дизајнот и функционалноста на самата конзола, а соработката со Sony би можела да се развие за лансирање на ексклузивни мобилни игри, оптимизирани за Snapdragon платформата.
Интересно е што и Sony и Nintendo ги набавуваат своите чипови од други големи компании кои се занимаваат со дизајн на процесори, па тоа во иднина би можело да се промени. Qualcomm Snapdragon процесорите се меѓу водечките чипсети во светот, а во октомври се очекува објавата на следната генерација на Snapdragon 8 Gen 3 чипсетот за мобилни телефони.
Покрај нив, Qualcomm има и сопствени чипсети наменети за работа во персоналните компјутери, а за среќа се појавија информации кои сугерираат дека компанијата работи на развој на процесорот Snapdragon 8cx Gen 4 со конфигурација со дванаесет јадра наменета за преносните компјутери.