Четботовите со вештачка интелигенција стануваат се почести, а социјалната мрежа Instagram наскоро би можела да добие сопствен AI помошник.
Инженерот Алесандро Палуци тврди дека платформата во сопственост на Meta подготвува сопствен четбот за вештачка интелигенција. Според скриншотовите кои ги сподели, четботот ќе може да одговара на прашања и да дава совети, а корисниците ќе можат да избираат од 30 личности.
Четботот би можел да биде многу корисен за оние на кои им е тешко да пишуваат пораки и имаат потреба од помош, а ќе можат да станат дел од разговорот што корисникот го води со некого спомнувајќи го со знакот „@“.
Сè уште е рано да се каже кога и дали Instagram ќе ја воведе оваа функција, но каде има чад има и оган. Извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг во февруари изјави дека компанијата работи на личности со вештачка интелигенција за Instagram, Messenger и WhatsApp.
Исто така, Палуци претходно најде докази за платениот систем за верификација на Instagram неколку недели пред да го објави Meta.