Новата функција беше претставена на Keynote pрезентацијата на WWDC 2023 конференцијата, како дел од новиот iOS 17 оперативен систем, што се очекува оваа есен
Новиот StandBy режим прикажува корисни информации кога iPhone се полни и се наоѓа во хоризонтална положба. На овој начин, можно е да се видат датумот и времето, контролите за Apple Home, контроли за репродукција на музика, временската прогноза, некои од апликациите на Apple и други функции
Покрај опцијата за приказ на корисни информации, StandBy може да послужи и како дигитална рамка за фотографии, како што тоа веќе го прават паметните дисплеи Echo Show на Amazon и Nest Hub на Google.
Во текот на ноќта, екранот би се прилагодил на слабата осветленост, за истовремено да прикажува корисни информации без да го разбуди корисникот.
Покрај прикажувањето на содржината која ќе ја одреди корисникот, Apple вели дека StandBy „ќе ги прикаже вистинските информации во вистинско време“, како на пример распоредот пред да започне состанокот.
Засега не се споменува дали StandBy ќе пристигне и на iPad.