По вештачката интелигенција која ги чита мислите, пристигнува нова примена – комуникација со животни!?
Дали би сакале да знаете што сака вашиот домашен миленик? Дали би сакале животните да ве разбираат? Ова звучи како научна фантастика, но би можело да стане реалност со помош на вештачката интелигенција.
Непрофитната организација Earth species project има цел да користи вештачка интелигенција за да ја декодира животинската комуникација.
Идејата се заснова на големи јазични модели кои откако течно би го разбирале човечкиот говор, би можеле да се применуваат и за разбирање и дешифрирање на комуникацијата кај животните. На овој начин вештачката интелигенција би можела да биде врската во комуникацијата помеѓу луѓето и животните.
Од организацијата изјавиле дека се надеваат дека разговорот со животните ќе го трансформира нашиот однос со остатокот од природата.
Повеќе информации за овој проект може да се најдат на неговата официјална веб-страница овде.