Новиот мобилен оперативен систем iOS 17 ни донесува бројни нови функции, а една од нив ќе ги предупредува корисниците на експлицитните содржини кои можеби не сакаат да ги видат
На WWDC конференцијата, Apple најави голем број нови функции за iPhone, вклучувајќи ги опциите како што се гласовните FaceTime пораки и „Check In“. Сепак, iOS 17 донесува повеќе нови функции, а една од нив ќе ги предупредува корисниците за несакана експлицитна содржина.
Во пост на блогот на компанијата Apple, можеме да видиме како ќе изгледа функцијата. Конкретно, доколку добиете експлицитна фотографија, ќе се појави прозорче со прашањето дали сакате да ја видите оваа чувствителна содржина. Ова би можело да им помогне на корисниците да избегнат гледање содржини што не ги сакаат, пишува Tech Crunch.
„Голите слики и видеа покажуваат интимни делови од телото кои вообичаено се покриени со долна облека или костими за капење“, пишува на прозорчето. „Не сте вие виновни, но ваквите фотографии и видеа може да бидат искористат за да ви наштетат. Прозорецот понатаму се наведува дека лицето на фотографијата или видеото можеби не се согласило да ја сподели оваа содржина.
Корисниците можат да избираат помеѓу три опции: освен отфрлање или прегледување на содржината, ја имаат и опцијата „ways to get help“. Бидејќи iOS 17 сè уште не е достапен, не знаеме точно што прави оваа функција, но можеме да претпоставиме дека на корисниците ќе им пружи различни опции како да се справат со ситуации на сексуално вознемирување.
Apple истакнува дека оваа функциоја е опционална и може да се вклучи или исклучи во поставките.
Како и останатите функции за безбедна комуникација на iPhone уредите, процесот на детекција на можна чувствителна содржина се одвива директно на смартфонот. Тоа значи дека колку на некого му испраќате експлицитна фотографија (секако со претходна добиена согласност), Apple нема да пристапи до вашите приватни фотографии.