Компанијата Realme минатиот месец ја претстави својата нова Realme 11 серија смартфони во Кина, а денес два од моделите добија и меѓународна премиера. Станува збор за Realme 11 Pro и 11 Pro+, кои беа најавени во Индија, но ќе пристигнат и во Европа.
Двата модели се прилично блиски во однос на параметрите, но сепак вклучуваат некои значајни разлики, главно во однос на камерите и батериите. Realme 11 Pro+ се базира на тројна главна камера со сензор од 200MP со отвор на бленда f/1.7 и оптичка стабилизација, 8MP со оптика со ултраширок агол и 2MP за макро снимки.
Realme 11 Pro има главен сензор од 100 MP и 2 MP за макро фотографии. Селфи камерите доаѓаат со сензори од 32 и 16 MP соодветно. Телефоните вклучуваат батерии со капацитет од 5000 mAh, но со моќност на полнење од 100- и 67 вати.
Останатите спецификации се идентични – MediaTek Dimensity 7050 чипсет, 6,7-инчен заоблени AMOLED екран со стапка на освежување од 120 херци и Full HD+ резолуција и Android 13 со Realme UI 4.0 интерфејс. Смартфоните имаат и стерео звучници со Dolby Atmos.
Телефоните доаѓаат во три опции за бои, Astral Black, Sunrise Beige и Oasis Green, а вторите две имаат облога од вештачка кожа на задната страна. Pro+ доаѓа со 8/12 GB RAM и 256/512 GB простор за складирање, додека Pro верзијата доаѓа со 8 GB + 128 GB. Нивните цени во Индија изнесуваат 530 долари за 11 Pro+ со 12GB + 512GB и 400 долари за Realme 11 Pro.