Xiaomi се подготвува да ја започне меѓународната дистрибуција на фотографски ориентираниот Xiaomi 13 Ultra, а денеска премиерно го претстави во Хонг Конг. Уредот ќе биде достапен во црна и маслинесто зелена боја со 12/512 GB простор за скалдирање по цена од 1.072 евра. Преднарачките почнуваат на 8. јуни, а продажбата стартува на 13. јуни.
Покрај ова, Xiaomi 13 Ultra ќе пристигне и во Европа, но засега нема индикации дека ќе се продава во Македнија. Европското деби е закажано за 12 јуни, кога ќе почне продажбата преку официјалните канали на компанијата во Германија, Франција, Шпанија и Италија. Според досегашните гласини цената ќе изнесува околу 1299 евра.