Кинеското VTOL летало е инспирирано од дизајнот на летечките чинии не нуди импресивни карактеристики, но може да слета на вода и да лета автономно. Засега може да се користи за забава, туризам или за плашење на јавноста
Компанијата Shenzhen UFO Flying Saucer Technology го претстави својот прв готов производ по повеќегодишно истражување и развој. Станува збор за летечка чинија, односно уред сличен на хеликоптер кој наликува на НЛО од научнофантастичен филм.
Компанијата вели дека станува збор за првиот електричен НЛО од овој облик. Леталото може да полетува и да слетува вертикално и има шест ротори. Целта е ова летало да се користи за транспорт, туризам и забава, а од компанијата известиле дека иновацијата е заштитена со патент.
Со едно полнење на батериите леталото може да лета дури 15 минути. Тоа може да достигне височина од дури 200 метри, а брзина од 50 километри на час. Може да слета на цврста површина, но и на вода, а наместо човечки пилот, со него може да управува и автопилот.
Не е откриена цената на леталото, ниту дали ќе се произведува масовно.