Volvo претстави нов сосема електричен компактен SUV, моделот EX30, кој ќе се продава по почетна цена од околу 36.000 евра.
EX30 доаѓа со три опции на погон и два различни типови на батерии, обезбедувајќи атрактивна влезна цена, со опција за проширен досег која нуди досег до 480 километри меѓу полнења.
Овој мал премиум SUV е најстартното Volvo досега, достигнувајќи 100 км/ч за само 3,6 секунди. Истовремено, неговата батерија може да се наполни од 10% до 80% за околу 25 минути.
Според производителот, EX30 има најмал „јаглероден отпечаток“ од сите возила на Volvo.
„Сосема електричниот EX30 би можел да биде најмалиот SUV некогаш, а тоа е голема работа за нашите купувачи и голема работа за нас како компанија“, рекол извршниот директор Џим Роуен во соопштението на медиуми од Volvo.
Инаку, на купувачите ќе им биде понудена верзија со еден (200 kW) и два (315 kW) електромотори.
Автомобилот исто така доаѓа опремен со нова генерација функции Park Pilot Assist, која функционира на сите типови паркинг места.
EX30 ќе биде достапен и во Cross Country варијанта следната година.