Двајца астронаути поставија нови соларни плочи на Меѓународната вселенска станица во текот на вселенската прошетка во петокот.
Американската вселенска агенција NASA соопшти дека астронаутите Стив Боувен и Вуси Хобург поставија нови соларни панели во текот на шестчасовниот престој во вселената.
Веќе се одржани неколку мисии во подготовките за поставување на соларниот панел, кој е со големина 18 метри по 6 метри, а е наменет за подобрување на снабдувањето на Меѓународнаста вселенска станица со енергија.
Планирано е поставување на уште еден ИРОСА (International Space Station Roll-Out Solar Array) следната недела.