На Summer Game Fest, Microsoft официјално потврди дека долго одложуваната игра Forza Motorsport конечно ќе се појави на пазарот во октомври оваа година.
Осмиот главен наслов во серијалот на Turn 10 Studios првично беше планиран за пролетно издание, но претходно во јануари беше објавено дека може да се очекува малку подоцна.
Девелоперот рече дека игрицата ќе го „извлече максимумот“ од најновите конзоли и компјутери на Xbox и ќе го понуди најизвонредното гејмерско искуство досега. Играта носи 100 нови возила што ќе се приклучат на постоечките 500 кои се веќе понудени во истата.
Играта ќе биде достапна на Xbox Series X и S, Xbox Game Pass и компјутер преку Microsoft Store и Steam почнувајќи од 10 октомври.
Трејлерот објавен на видео-сервисот YouTube навестува што може да очекуваат гејмерите.