Покрај тоа што доаѓа со простор за складирање од 1 TB, Carbon Black Xbox Series S има најавена цена од 350 долари, што е 50 долари повеќе од оригиналната Series S конзола
Конзолата Xbox Series S беше претставена во ноември 2020 година со цена од 299 долари за верзијата со 512 GB простор за складирање, така што новата Carbon Black Xbox Series S верзија со 1 TB простор практично не носи повисока цена, само малку повеќе простор.
Освен различна боја и малку повеќе простор за складирање, во суштина ништо не е променето во споредба со класичната Xbox Series S конзола. Конзолата е достапна за нарачка од вчера, а официјалната продажба ќе започне на почетокот на учебната година – 1 септември.
Првиот човек на Xbox дивизијата, Фил Спенсер ја објави новата конзола и додаде дека Microsoft го зголемил обемот на производство, за да одговори на големата побарувачка. Во основа, со новата конзола, која чини 50 долари повеќе, вие всушност плаќате за дополнителни 512 GB простор за складирање, па Microsoft одлучи да ја задржи политиката на цени и да ја остави Xbox Series S како една од најевтините конзоли на пазарот.
На овој начин, Microsoft продолжува да обезбедува евтин билет за светот на гејмерските конзоли, особено што тука е Nintendo Switch, а Sony PlayStation 5 е значително поскап. Од компанијата додаваат дека добиле голем број барања за проширување на просторот за складирање, а тоа е и одлична причина малку да се освежи понудата, макар и со различна боја на куќиштето и малку повеќе простор за складирање.