Како докажан врвен иноватор во светот на финансиите, Комерцијална банка наскоро ќе овозможи нова дигитална услуга – Google Pay™ за брзи, лесни и безбедни бесконтактни плаќања со паметен телефон или часовник.
Со Visa и Mastercard картичките на Комерцијална банка и апликацијата Google Wallet™, Android и WearOS уредите лесно стануваат дигитален паричник, со кој може да се плаќа во секое време на милиони места во светот што прифаќаат бесконтактни платежни трансакции.
Новите привилегии од дигиталниот свет што ги носи Комерцијална банка во соработка со Google значат:
- плаќаш со телефон наместо со картичка на ПОС терминал;
- бесплатно ја преземаш, активираш и користиш апликацијата;
- можеш да ја дигитализираш секоја картичка од Комерцијална банка;
- плаќаш брзо, едноставно и безбедно во безброј продавници, ресторани, веб-страни и апликации.
Комерцијална банка, која со сопствената апликација KomPay е пионер во земјава во сегментот на бесконтактни дигитални плаќања и во воведувањето најсовремена технологија за овој вид плаќање, сега се приклучува кон глобалните светски брендови и овозможува поволности и привилегии насекаде во светот.
Google Wallet апликацијата е достапна преку Google Play Store за Android и WearOS уреди, и во истата секој клиент ја користи својата сметка во Google и врши безбедни и брзи бесконтактни платежни трансакции. Google Pay ги прави едноставни секојдневните плаќања и ја зголемува контролата на личните финансии.
Комерцијална банка наскоро ќе овозможи додавање во Google Wallet на сите Visa и Mastercard картички, при што клиентите сами ќе бираат колку картички ќе додадат и со која картичка ќе вршат плаќање.
Повеќе информации за новата дигитална услуга се достапни на следниот линк.