Кон крајот на 2021 година, Sony го претстави Xperia Pro-I, а времето сугерира дека можеби е време за следната генерација на серијата. Постојат индиции дека токму тоа го подготвува компанијата, иако секако дека се уште се работи само за гласини.
Sumahodigest сподели наводни фотографии и скица на Xperia Pro-I II пронајдени на кинеската социјална мрежа Weibo. Ако се покажат како сигурни, моделот ќе има два големи сензори на главната камера, а тие може да бидат од тип 1-инч, наспроти еден таков на задната страна во актуелниот модел.
Гледајќи уште подалеку во иднината, информациите сугерираат дека компанијата развива сензор за паметни телефони со два слоја транзистори. Во пракса, тоа значи дека може да биде поголем од моментно користените сензори од 1-инч.