Како што наближува премиерата на следната Google Pixel 8 серија паметни телефони, се појавуваат се повеќе информации за нивните спецификации. Сега сме сведоци на детални податоци за очекуваните камери на Pixel 8 и Pixel 8 Pro.
Уредите очигледно ќе се префрлат на поновиот Samsung ISOCELL GN2 сензор од 50 MP, кој ќе овозможи и внесување на повеќе светлина. Ова ќе го подобри квалитетот на сликите во услови на слаба амбиентална светлина.
Staggered HDR режимот е поддржан и за симултано фотографирање со долга и кратка експозиција, ограничувајќи го заматувањето. Сепак, веројатно нема да биде додадена можноста за снимање видео во 8K резолуција.
Pixel 8 Pro може да користи 64MP Sony IMX787 сензор со ултраширокоаголен објектив, наспроти 12MP во Pixel 7 Pro. Дополнително, видното поле ќе биде проширено, но можно е да биде отстранета можноста за снимање макро фотографии.
Pixel 8 ќе користи сензор IMX386 од 12 MP со ултраширокоаголен објектив, но со малку продолжено видно поле. Нема да има промена на сензорот од 48 MP со перископ леќа на Pro верзијата. Сензорите од 11 MP повторно ќе се користат за селфи.
Pixel 8 Pro може да добие помоќен 8×8 VL53L8 ToF сензор за подобрен автофокус, додека Pixel 8 нема да види никаква промена од VL53L1 ToF користен досега. Веќе имаше индикации за присуство на сензор за температура во Pixel 8 Pro, кој ќе биде Melexis MLX90632.
Google подготвува и нови функционалности, вклучувајќи адаптивна блиц светилка, Segmentation AWB и подобрување на опцијата Cinematic.