Компанијата Apple наесен оваа година се очекува да ја претстави новата iPhone 15 серија, за која досега имавме можност да дознаеме многу информации. Најновите се за цените за претстојните уреди.
Минатата година американскиот гигант ги зголеми цените на iPhone 14 серијата на светскиот пазар, но тоа не беше случај на домашниот, американски пазар. Но, дали тоа ќе се промени оваа година?
Ден Ајвс, дојавувачот кој лани објави дека iPhone 14 серијата ќе пристигне на глобално ниво со повисоки цени од iPhone 13 уредите, сега наведува дека iPhone 15 серијата исто така ќе биде поскапа во САД од минатогодишните модели. Тој предвидува и дека Apple ќе испорача помеѓу 235 и 240 милиони iPhone 15 примероци оваа година.
Според досегашните информации, iPhone 15 линијата ќе вклучува четири модели – iPhone 15, iPhone 15 Plus, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max.
Неодамнешните извештаи покажуваат дека стандардните модели ќе добијат сериозни надградби оваа година, посебно во одделот за камера, поточно главните камери. Се вели дека ќе пристигнат со сензор за главната камера од 48 MP, а протекувачот Џеф Пу известува дека тоа ќе биде истиот главен сензор што го имаат iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max. Новиот сензор ќе им овозможи на смартфоните да снимаат фотографии од 48 MP ProRAW, што значи со многу повеќе детали.
Кога станува збор за Pro моделите од претстојната серија, најавено е дека ќе донесат промени во поглед на дизајнот. Имено, iPhone 15 Pro и 15 Pro Max би требало да пристигнат со најмали рамки околу дисплејот. Очигледно тие ќе бидат потенки од оние на iPhone 14 Pro Max, но и од оние во однос на Xiaomi 13, кој моментно го држи рекордот со дебелина на рамката од само 1,81 мм.