Компанијата AMD вчера и официјално ја лансираше Ryzen Pro 7000 серијата процесори за лаптопи и десктоп компјутери со максимум осум, односно 12 јадра
Новата AMD Ryzen Pro 7000 серија процесори за лаптоп компјутери брои најмногу осум јадра, додека нивниот број за десктоп варијанти оди до дури 12 јадра. Достапни се вкупно девет модели, од кои во оваа серија има шест за преносни и три за десктоп верзиите на компјутери.
Преносните компјутери и Ryzen Pro 7000
Процесорите од новата AMD серија за преносни компјутери се Ryzen Pro 7040 чиповите и содржат јадра на процесорот базирани на Zen 4 архитектура, додека графичките јадра се базираат на RDNA 3 архитектурата. Моделите од оваа серија чипови поддржуваат AMD Pro технологии, како и Ryzen AI на сите модели од серијата, освен за моделот Ryzen 5 Pro 7540U.
Достапни се шест модели во серијата со меѓусебно мали разлики, кои можете да ги видите во табелата составена од KitGuru:
Меѓу достапните модели, AMD тврди дека Ryzen 7 Pro 7840U доаѓа со 70 проценти подолго траење на батеријата во споредба со конкуренцијата. Висината на работниот такт изнесува 3,3 GHz, а AMD наведува и дека нуди до 29 отсто подобри перформанси по ват (W) потрошена енергија на Procyon бенчмарк тестот на перформанси, објави KitGuru.
Десктоп компјутерите и Ryzen Pro 700
Кога станува збор за новата AMD серија процесори за десктоп верзиите на компјутери, Ryzen PRO 7000 има максимална конфигурација до дури Zen 4 12 јадра со горна граница на такт од 5,4 GHz. За разлика од чиповите за преносни уреди, десктоп верзијата на процесорот нуди графички јадра базирани на RDNA 2 технологија.