Веќе знаевме дека Nothing ќе го претстави својот следен паметен телефон во јули, но сега го знаеме точниот датум на премиерата. Од компанијата соопштија дека презентацијата ќе се одржи на 11 јули и ќе започне во 17 часот по македонско време. Како и обично, настанот ќе може да се гледа на YouTube и на веб-страницата на компанијата.
Фотографија на тизерот не открива многу, но покажува дека светлата од системот Glyph ќе бидат со малку поинаква конфигурација во однос на првите рендери на уредот. Знаеме и дека Nothing Phone (2) ќе користи чипсет Snapdragon 8 Plus Gen 1, поголема батерија од 4700 mAh и дисплеј од 6,7 инчи, што е 0,15 инчи поголем од Phone (1).
Во меѓувреме, компанијата ветува многу подобрувања на Nothing OS 2.0 платформата, а коосновачот на компанијата Карл Пеи вети дека Phone (1) ќе пристигне до крајот на август.