Благодарение на соработката помеѓу Samsung и Google, ќе може да гледате видеа, да одговарате на пораки и да користите навигација на надворешниот екран на претстојниот Galaxy Z Flip 5
Како што наближува датумот на претставување на новите паметни телефони на Samsung со екранна преклопување, во јавноста протекуваат се повеќе информации. Веќе некое време е познато дека претстојниот Galaxy Z Flip 5 ќе има надворешен дисплеј од 3,4 инчи, што секако претставува најголема надградба во однос на претходниот модел, а како што дознава SamMobile, јужнокорејската компанија добро ќе го искористи тоа.
Се наведува дека Samsung соработувал со Google за да ги оптимизира апликациите како Maps, Messages и YouTube за 3,4-инчниот екран на новиот Flip. Ова би значело, барем теоретски, дека корисниците ќе можат да го користат за да одговараат на пораки, да користат навигација и да гледаат видеа, без да го отвораат мобилниот телефон.
Оптимизацијата на апликациите на Google за надворешниот дисплеј на новиот Flip значи дека смартфонот на Samsung ќе се истакнува меѓу конкурентите, кои можеби имаат екрани со слични дијагонали, но со помала функционалност, како што е Find N2 Flip на Oppo. Ова би можело да ги привлече и оние корисници кои сè уште размислуваат да купат паметен телефон на преклопување.
Покрај поголемиот надворешен екран, Galaxy Z Flip 5 ќе пристгне со уште неколку новитети. Ќе биде покренуван од Snapdragon 8 Gen 2 чипсетот на Qualcomm, истиот што се наоѓа во моделите од Galaxy S23 серијата и ќе има подобрен систем на камера со поголем главен сензор. Презентацијата се очекува кон крајот на јули.