Со вкупен награден фонд од 4,306,975.00 денари „Нептун“ отпочна наградна игра со која што заедно со своите верни купувачи и клиенти ќе го прослави големиот роденден – 30 години постоење. Главна награда е стан во комплексот East Gate Living, а дополнително, компанијата ќе доделува и 87 неделни, како и седум месечни награди. Роденденската награда ќе трае до 24 декември 2023 година.
Како и секогаш, „Нептун“ и овој пат се придржува до своето популарно мото, односно дека потрошувачите секогаш добиваат повеќе кога купуваат во продажната мрежа на компанијата. Во наградната игра може да учествува секој што купил производи во кој било од продажните објекти на „Нептун“ во Македонија. Нема ограничувањата во однос на износот, што значи секоја набавка може потенцијално да донесе награда.
Учесниците треба да испратат СМС на бројот 144 030 со уникатен број на документ. Притоа, под поимот документ се подразбираат: фискална сметка, фактура КП рати, фактура кредитна апликација НЛБ, фактура кредитна апликација КБ, фактура кредитна апликација ИУТЕ, фактура продавница WEB, испратница-продавница. Цената на СМС-пораката е 49 денари со вклучен ДДВ.
Шансите за добивка се зголемуваат доколку учесниците во наградната игра испраќаат повеќе СМС-пораки. Добитниците ќе се извлекуваат по случаен избор со помош на компјутерска програма-софтвер за извлекување, која ќе избира од базата на податоци по основ на пратената порака од секој учесник. Сите детали за наградната игра се достапни на овој линк.
„Нептун“ е компанија што три децении е лидер на пазарот за продажба на бела техника; апарати за домаќинство; телевизиски, аудио и видео апарати; компјутери; смартфони; фото апарати и камери; лична нега и убавина; ладење и греење.
– Уште од самите почетоци нашата цел е да го следиме исклучително брзото темпо на развој на секторот во којшто работиме на глобално ниво и сето тоа да овозможиме да биде достапно за нашите верни купувачи во Македонија. Нашите врвни услуги се достапни во 26 продажни места во 21 град во земјава, а за сите потреби и барања на потрошувачите се грижат повеќе од 400 вработени кои што се обучени според највисоките светски стандарди. Наградната игра е само уште еден од начините преку кои што на купувачите им овозможуваме да добијат повеќе за било која набавка во нашата продажна мрежа – изјави Алексанра Тасевска, координатор за корпоративен маркетинг во „Нептун“.