Samsung објави дека подготвува нова функционалност за Health Monitor апликацијата на своите Galaxy Watch часовници, која ќе предупредува на неправилно чукање на срцето
Новата генерација Samsung Galaxy Watch паметните часовници ќе биде прва што ќе ја имплементира новата функција, која постепено ќе се воведува и кај постарите модели. Станува збор за модул за Samsung Health Monitor апликацијата кој ќе следи и предупредува на неправилно чукање на срцето.
Иако не е официјално потврдено, Android Authority пишува дека само сопствениците на паметните телефони на Samsung ќе добиваат известувања за неправилен пулс, бидејќи оваа апликација е достапна само за уредите на Samsung. Исто така, звучи дека следењето на отчукувањата на срцето и пријавувањето на нерегуларности ќе бара да се овозможи континуирано следење на отчукувањата на срцето, што звучи разумно, но секако ќе биде сериозен удар за автономијата на часовникот.
Самата функција е насочена кон идентификување на атријалната фибрилација (AFib), иако не е наменета за дијагностицирање на состојбата. Samsung го нагласува фактот дека оваа функција не заменува доктор и има за цел само да го расветли проблемот и да го поттикне корисникот да оди на лекар за понатамошна евалуација. Оваа функција треба и да ви помогне да внимавате на отчукувањата на срцето помеѓу посетите на лекар.
Повеќе од 70 земји ја одобрија апликацијата Samsung Health Monitor и нејзините базични EKG можности, но нередовното следење на срцевиот ритам ќе бара дополнително регионално одобрување. Досега, само Јужна Кореја, САД, Аргентина, Азербејџан, Костарика, Доминиканската Република, Еквадор, Грузија, Гватемала, Хонг Конг, Индонезија, Панама и ОАЕ ја одобрија новата функција.