Кинеската вселенска програма забележа огромен напредок во изминатите неколку години и продолжува да се развива со големо темпо.
Покрај финализирањето на изградбата на вселенската станица Тиангон, Кина испрати ровери на Месечината и Марс, сето тоа како дел од амбициозните планови оваа земја да стане една од најголемите вселенски сили во светот, која еден ден ќе може да испрати луѓе на површината на Месечината и на Црвената планета.
Меѓутоа, Кина се најде на удар на критиките за нејзините вселенски операции по неколку неконтролирани падови на ракетите Long March 5B, од кои една предизвика штета кога падна во село во Брегот на Слоновата Коска. Кинезите цело време се „бранат“ и тврдат дека „медиумското лудило“ е дел од „западната кампања“. Меѓутоа, сега оваа земја развива падобрански систем што наводно ќе овозможи спуштање на ракетни бустери во одредени зони.
Астрономот и астрофизичар Џонатан МекДауел претходно изјави за Interesting Engineering дека гореспоменатите случаи на ракети кои влегуваат во атмосферата се поопасни од она што го прават другите земји. Тој додаде дека ја цени кинеската вселенска програма, која често прави добри работи, но мора да ја критикува за лошите работи. Неконтролираните паѓања на ракети е дефинитивно лоша работа. Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, претходно изјави дека Кина не споделува информации за траекторијата на урнатата ракета Long March 5B и покрај значителниот ризик по човечките животи и имоти.
Иако падовите на кинеските ракети не резултираа со повреди на луѓе на Земјата, во 2020 година дел од ракета падна врз село во Брегот на Слоновата Коска. Шпанија минатата година привремено затвори дел од својот воздушен простор, откако едно од ракетните јадра прелета над земјата пред да падне во океанот.
Новиот падобрански систем е во развој и беше тестиран во петокот, на 9 јуни, на ракетата Long March-3B (CZ-3B), а според официјалниот извештај, овозможил да се стесни просторот за слетување на ракетата за 80%. Овој систем би можел да овозможи контролирано спуштање на ракетите, како и повторна употреба на нивните делови. Системот има електричен потсистем кој тежи 30 кг и е дизајниран да се активира автоматски на одредена висина и потоа да го води бустерот до одредено место за слетување, на пример над океан.
Ако новиот систем функционира, веројатно ќе биде потребно извесно време за да се интегрира со ракетите Long March 5. Ќе биде интересно да се види дали Кина ќе може да го добие точно пред да ги искористи своите ракети Long March 5 за лансирање на планираните модули за проширување на вселенската станица Тиангон.