Речиси три години по појавувањето на Xbox Series X и S конзолите, Microsoft објави дека повеќе нема да прави игри за постарите Xbox One.
Иако Microsoft ќе продолжи да ги поддржува тековните наслови од претходната генерација како Minecraft и Halo Infinite, ниту еден тим од Xbox Game Studios веќе не работи на нови наслови за постарата конзола.
Шефот на Xbox Game Studios, Мет Бути во интервју за порталот Axios откри дека Microsoft повеќе нема да креира видео игри за Xbox One, туку ќе се фокусира исклучиво на гејминг конзолите од актуелната генерација, Xbox Series X и S.
„Се преселивме на деветтата генерација“, изјави шефот на Xbox Game Studios, Мет Бути за Axios, мислејќи на конзолите Xbox Series X и S. Компанијата, исто така, произведува свои игри за компјутери.
И покрај ова, Microsoft ќе продолжи да ги ажурира игрите кои работат на претходната генерација на конзоли, а Бути забележува дека компанијата ќе продолжи да ја користи својата инфраструктура Xbox Cloud Gaming за понатамошна поддршка.
Треба да се напомене дека Xbox One ќе продолжи да добива нови видео-игри, само не оние развиени од внатрешните студија на Microsoft. Оваа вест доаѓа само неколку дена откако Microsoft покажа голем број видео игри од прва страна кои доаѓаат на Xbox во 2023 и 2024 година на Xbox Games Showcase.