Официјалните компоненти за замена на Surface ќе бидат достапни најпрвин во САД, Канада и Франција, а планот за проширување на други пазари се очекува во иднина
Резервните делови се достапни преку Microsoft Store, а ќе се продаваат од комерцијални препродавачи. Според деталите наведени во соопштението, може да се заклучи дека помодерните уреди, како Surface Pro 9, имаат многу поголема понуда на резервни делови.
Во моментов се достапни делови за Surface Pro 7, Surface Pro 8 и Surface Pro 9 (модел Intel и модел SQ3 5G), Surface Laptop 3, Surface Laptop 4 и Surface Laptop 5, Surface Laptop Go 2, Surface Laptop Studio и Surface Studio 2 Plus десктоп.
Алатката, заедно со упатствата потребни за независна замена на делови се продава одделно од iFixit, со кој Microsoft соработува од 2021 година.
„Возбудени сме што ќе им понудиме заменски компоненти на потрошувачите кои се запознаени со технологијата за поправка без гаранција…“, рече Тим МекГуган, потпретседател за услуги на уреди и инженерство на производи во Microsoft. „Кога купувате компоненти за замена, ќе ги добиете и соодветните потпорни компоненти (како што се завртки доколку е применливо).“, објасни МекГуган.