Porsche ја прославува својата 75-годишнина преку здружување со Microsoft за да создаде специјална и ограничена едиција Xbox Series X конзола.
Porsche произведе некои од најимпресивните тркачки автомобили во својата историја и ги украси со некои од највпечатливите бои на сите времиња. Специјалното издание на конзолата Xbox Series X ги слави токму нив
„Xbox и неговата база на обожаватели се тесно поврзани со Porsche, автомобилите со високи перформанси се дел од нашите сакани игри како ‘Forza Horizon 5’. Затоа сме возбудени што ќе соработуваме со познатиот бренд и ќе создадеме специјално издание на Xbox за да ја прославиме нивната годишнина. Ја делиме истата визија и цел да допреме до глобална публика која сака автомобили и игрици“, изјави Маркус Валтенберг, директор за глобални партнерства во Xbox.
Заедно, брендовите создадоа шест шеми на бои кои оддаваат почит на трите бои што го красеа моделот 917 во Ле Ман (Salzburg и Hippie од 1970 година и Pink Pig од 1971 година), како и на Porsche Racing Edition од 1978 година што го красеше моделот 935/78, сината, портокаловата и белата боја што го носеше 911 GT1 од 1998 година и конечно боите на најновиот учесник во Ле Ман, моделот 963.
Сите бои се применуваат на телото на конзолата, но и на безжичниот контролер. Microsoft нема редовно да го продава ограниченото издание, наместо тоа ќе има организирано извлекување. Љубителите на Porsche можат да се пријават до 8 октомври.