Сер Ричард Бренсон, односно неговата компанија „Вирџин Галактик“ започнува со комерцијални вселенски патувања пред крајот на овој месец, кога и бил очекуван првиот лет.
Компанијата планирала летот наречен „Галактик 01“ да го реализира од 27 до 30 јуни годинава. Акциите на Virgin Galactic се зголемиле за повеќе од 40 проценти по објавувањето.
Во мај, Virgin Orbit, приватната вселенска компанија во сопственост на британскиот милијардер, била затворена, неколку месеци по неуспешната мисија. Таа требало да биде вклучена во лансирањето на сателити во Вселената со помош на ракета и авион „Comic Girl“.
Virgin Galactic објавиле дека првиот лет всушност ќе биде научно-истражувачка мисија, со тројца членови на екипажот од италијанското воздухопловство и Националниот истражувачки совет на Италија, кои ќе спроведат истражување за микрогравитација, пишувале „Би-би-си“.
Компанијата соопштила дека нејзиниот втор комерцијален вселенски лет ќе следи на почетокот на август и после тоа очекувале да спроведува месечни вселенски летови оттогаш. Тоа ќе биде клучна пресвртница за компанијата Virgin Galactic – основана пред 19 години, која воедно морала да надмине серија несреќи и технички предизвици.
Минатиот месец, ракетниот авион на Virgin Galactic наречен „Unity, се вратил во акција по речиси двегодишна пауза. Возилото, со 2 пилоти и 4 патници кои полетале од пустината во Ново Мексико до работ на Вселената, а потоа се спуштиле.
Тоа било последниот пробен лет за авионот пред да стартува долгоочекуваната комерцијална услуга. Virgin Galactic продале повеќе од 800 билети за летовите 80 километри над Земјата, а секој од нив поединечно чинел 450.000 долари и нудел можност за поглед од Вселената, како и да се доживее искуство на бестежинска состојба во траење од неколку минути.