Постојат индиции дека Huawei може да лансира нова серија паметни телефони со екрани на преклопување. Она што е интересно во овој случај е тоа што уредот би можел да биде дел од Nova линијата, а првиот преклопен модел во серијата би се продавал по цена помеѓу 512 и 640 евра.
Целта е овој тип на уреди е да се допре до поширок опсег на корисници. Постигнувањето пониска цена ќе се потпира на поскромни спецификации, вклучувајќи и Snapdragon 778G 4G чипсет, а би се работело за уред со вертикално преклопување.
Во моментов, најприфатливиот преклопен модел на компанијата е Pocket S, кој е достапен во Кина по цена од 4.990 јуани. Се базира на гореспоменатиот чипсет и има 6,9-инчен флексибилен OLED екран со стапка на освежување до 120 херци.
Можниот преклопен смартфон од Nova серијата ќе биде позициониран со пониска цена во споредба со Pocket S.