Корисниците во Европа ќе мора да почекаат доколку сакаат да го пробаат Google Bard четботот за вештачка интелигенција. Тоа е затоа што неговото деби во Европската Унија е одложено со одлука на Ирската комисија за заштита на податоци (IDPC), која е главното тело во овој поглед во ЕУ.
Од IDPC не добија детален брифинг за заштитата на личните податоци и другите потребни информации. Комисијата го продолжува разгледувањето на Bard, но нема конкретен датум кога се очекува тој процес да биде завршен.
Од Google велат дека компанијата ветила дека ќе го прошири пристапот до решението, а тоа треба да се случи одговорно по разговорите со експертите и владите. Процесот вклучува и дискусии со регулаторите поврзани со заштитата на личните податоци.
Инаку, корисниците од над 180 земји и територии имаат од месец мај имаат пристап до Google Bard. Во Европа се чини дека воведувањето е одложено поради разгледувањето на GDPR и строгите барања за заштита на податоците.
Извори: Politico, Engadget