Нов вид диносаурус со оклопно тело е откриен на британскиот остров Вајт. Диносаурусот припаѓа на група тревојадни диносауруси познати како анкилосауруси, а неговите остатоци се пронајдени во формацијата Весекс на остров – фосилно место кое датира некаде помеѓу 145 и 66 милиони години.
Новиот вид го носи името Vectipelta barretti – според професорот Пол Барет, кој работел 20 години во Природонаучниот музеј во Лондон. Тоа е вториот оклопен диносаурус пронајден на островот, а првиот е Polacanthus foxii – ископан во 1865 година.
Стјуарт Понд, истражувач во Одделот за науки за Земјата при Природонаучниот музеј, рече: „Речиси 142 години, сите остатоци од анкилосаурусите од островот Вајт му се припишуваа на Polacanthus foxii, познатиот диносаурус на островот, и сега сè треба да се реиспита со откривање на новиот вид“.
Иако и двата анкилосауруси потекнуваат од ист остров, истражувачите откриле дека тие не се блиску поврзани. Всушност, рекоа тие, V barretti е главно тесно поврзан со некои кинески анкилосауруси, што сугерира дека овие диносауруси слободно се движеле од Азија во Европа за време на периодот на раниот креда (пред 145 до 66 милиони години).