Без разлика дали се работи за слушање на вашата омилена музика или едноставно уживање, Galaxy Buds2 Pro нуди врвен звук за секого. Со воведувањето на новиот подобрен амбиентален звук (Ambient Sound), Samsung продолжува да им помага на лицата со потешкотии при слушањетоподобро да уживаат во звуците околу нив.
Ја правиме технологијата подостапна и поинклузивна
Претходно достапна со три нивоа на прилагодувања, ажурираната функција Ambient Sound, која им дава на корисниците можност да слушаат и да бидат свесни за својата околина, сега додава уште две дополнителни нивоа, нудејќи пет степени на засилување и обезбедувајќи ги придобивките заподобрено слушање за уште повеќе корисници.
За да се процени ефикасноста на функцијата, беше спроведено клиничко испитување од страна на Лабораторијата за слушни помагала и истражувања на стареењето при Универзитетот во Ајова. Нивното истражување заклучи дека Galaxy Buds2 Pro значително ја подобрува перцепцијата на говорот кај луѓето со благо до умерено губење на слухот. Слично испитување спроведено од SamsungMedical Center, исто така, покажа дека Galaxy Buds2 Pro може да биде ефикасна алатка за да им помогне на луѓето со благ до умерен губиток на слухот подобро да комуницираат на тивко место.
Ново ниво на аудио прилагодувањето (Audio Customization)
Со оваа подобрена функција, корисниците на Galaxy Buds2 Pro можат исто така да ги прилагодат и поставките за амбиенталниот звук за различни потреби. Корисниците можат да ја прилагодат јачината на звукот на левата и десната страна, како и да го приспособат опсегот на амбиентални звучни тонови од тивки до чисти во пет различни степени. Покрај тоа, амбиенталниот звук може да се прилагоди на увото на корисникот преку функцијата Adapt Ambient Sound, која обезбедува уште поголема јасност при помагање на корисниците подобро да го слушнат светот околу нив.
„Возбудени сме што ќе им ја претставиме на корисниците новата подобрена карактеристика за пристапност на Galaxy Buds2 Pro“, рече Han-gil Moon, раководител на напредната аудио лабораторија, MX Business во Samsung Electronics и додаде: „Samsung ќе продолжи да работи за да му помогне на секој корисник да го доживее најдобриот можен звук во секое време и насекаде со својот Galaxy Buds2 Pro“.
Достапност
Подобрената функција Ambient Sound постепено ќе се објавува на Galaxy Buds2 Pro преку софтверски ажурирања во наредните недели³. Функцијата е веќе достапна и на нашиот пазар, ве повикуваме да ја испробате.