Како Gmail алатката Help Me Write и другите функции за вештачка интелигенција го менуваат начинот на кој корисниците креираат, управуваат и одговараат на нивните е-пораки
На годинaшната I/O конференција, Google откри голем број начини на кои вештачката интелигенција станува сè покорисна за секојдневните корисници. Меѓу нив е и новата алатка на Gmail наречена „Помогни ми да пишувам“ (Help Me Write), која сега е достапна за корисниците како дел од програмата Workspace Labs. Оваа алатка е само последна во серијата иновации за вештачка интелигенција што ги воведува Gmail.
Според Чао Ванг, софтверски инженер од Gmail тимот за интелигенција, „Gmail има долга историја на користење на моќта на вештачката интелигенција за да ги олесни сите аспекти во работата со мејлови“, според официјалниот блог.
Покрај функцијата „Помогни ми да пишувам“, Gmail нуди и други помагала за вештачка интелигенција. Еве ги најважните шест:
Help me write
Оваа функција користи генеративни AI модели на вештачка интелигенција за да создаде целосни мејл нацрти врз основа на едноставни кориснички упатства. Корисникот само треба да кликне на иконата „Помогни ми да пишувам“ при составувањето на нов мејл, да ја внесе темата за која сака да пишува и потоа да кликне на Create. Алатката ќе создаде цел предлог за е-пошта врз основа на внесената тема. Корисникот потоа може да избере „Insert“ за да го вметне предложениот нацрт во мејлот или да ја користи опцијата Refine за да направи некои измени.
Smart Compose
Оваа функција пружа предлози за пишување мејлови, односно преглага конструкција реченици користејќи хибриден модел на генерацијата на јазикот. Доволен се само еден клик на копчето Tab за да се прифати предлогот и зборовите автоматски се внесуваат во мејлот без потреба целосно да се испишат.
Smart Reply
Оваа функција може да генерира до три можни одговори на мејл пораките што ќе ги примите. Потребни се само два клика – да го изберете и да го испратите својот одговор.
Tabbed Inbox
Оваа функција користи машинско учење за да ги класифицира дојдовните пораки врз основа на различни параметри, како на пример кој ја испратил е-поштата. Врз основа на тоа, пораките автоматски се сортираат во еден од петте различни делови од сандачето: Primary, Promotions, Social, Updates и Forums..
Summary Cards
Кога добивате мејл со многу информации, но ви требаат само неколку битни детали, „Summary Cards“ влегуваат во игра. Оваа технологија автоматски бара одредени податоци од дојдовните мејлови за да разбере за каква порака се работи и кои се најважните детали во неа.
Nudging
Оваа функција користи модел за машинско учење за да открие на кои мејлови не сте одговориле и да предвиди на кои вообичаено би одговориле. По неколку дена, тој автоматски ќе ја премести пораката на врвот на вашето сандаче, забележувајќи дека сте ја примиле пред три дена и со прашање дали сакате да одговорите.
Сите овие функции го прават Gmail една од водечките алатки во користењето на вештачката интелигенција за подобрување на корисничкото искуство во електронската пошта, што укажува на иднината во која вештачката интелигенција се повеќе ќе се интегрира во нашата секојдневна комуникација.