Доколку сте доволно богати, можете својата хациенда и градина да ја направите поинтересна, така што ќе го инсталирате најлуксузниот телевизор било кога
Производителот на луксузни телевизори кои работат под брендот C Seed објави дека можете да почнете со процедура за нарачка на нивниот уникатен модел наречен N1 Outdoor TV. Сè што ви е потребно за да го поседувате овој најлуксузен телевизор досега е сума од 233.000 американски долари.
Во свет во кој просечно семејство не може да издвои ни стоти дел од наведената сума за набавка на телевизорот, треба да се напомене дека C Seed N1 е се само не „мејнстрим“ ТВ апарат и служи само како начин да се задоволат своите најлуди фантазии.
Речиси четврт милион долари за најлуксузниот ТВ
Под претпоставка дека сте решиле да ја олесните банкарската сметка за речиси четврт милион американски новчаници, се поставува прашањето што го прави N1 Outdoor телевизорот вреден за оваа цена? За почеток, има огромен екран со дијагонала од 137 или 165 инчи. Дијагоналата е навистина епска, па дури и најголемите модели од 65 инчи до неа изгледаат како преносни телевизори. Плус, како што сугерира името, тој е дизајниран да работи на отворено, да речеме покрај базен.
Па, што да правите со таква грдосија кога не ја гледате. Не грижете се, бидејќи телевизорот N1 Outodооr може физички да се склопи благодарение на неговото уникатно дизајнерско решение и да се намали во форма на кутија со боја на титаниум, не поголема од димензиите на обична градинарска столица. Ова беше постигнато со уникатното решение на одделот за дизајн на Porsche и употребата на модуларна MicroLED технологија, која овозможи големиот екран да биде направен од неколку помали MicroLED модули кои може да се преклопат или расклопат со помош на моторизиран автоматски систем.
C Seed ја патентираше за потребите на N1 моделот, Adaptive Gap Calibration технологијата, каде што сензорите со висока резолуција го детектираат движењето на преклопните делови од телевизорот до дел од милиметар и автоматски ја калибрираат осветленоста на MicroLED за да ја елиминираат појавата на видливи празнини или шевови, кога екранот ќе се расклопи во целосна големина, пренесува Forbes.
Екранот има максимална осветленост од дури 4000 нита што му помага да прикаже јасна слика, дури и при многу сончев ден. Тука е и 16-битното процесирање на бојата и поддршка за активен HDR 10+ дисплеј, како и стандарден HDR 10. N1 Otudoor TV има вградени два коаксијални звучници со сила од 100 W кои емитуваат звук во целиот фреквентен опсег, а за дополнителни ефекти има специјален „сабвуфер“ вграден во сталакот на телевизорот. Плус, тука се и дополнителните сателити вградени во преклопните панели на телевизорот.