Многу телефони на Samsung се подобни за најмногу четири главни ажурирања на Android и пет години безбедносни закрпи. Проверете дали вашиот телефон ќе ги добие Android 14 и One UI 6.0
Google активно работи на нова верзија на Android, а Samsung неодамна објави дека корисниците ќе можат да го тестираат One UI 6.0 интерфејсот овој јули. Благодарение на ова, корисниците на паметните телефони на Samsung полека, но сигурно можат да почнат да размислуваат дали ќе го добијат Android 14 со новиот One UI или не.
За среќа, поради транспарентната политика за ажурирање на Samsung, можеме со сигурност да знаеме кои уреди ќе ги добијат Android 14 и One UI 6.0. Еве за кои модели станува збор.
Galaxy S модели
- Galaxy S23 / S23+ / S23 Ultra
- Galaxy S22 / S22+ / S22 Ultra
- Galaxy S21 / S21+ / S21 FE / S21 Ultra
Galaxy Z модели
- Galaxy Z Fold 4
- Galaxy Z Flip 4
- Galaxy Z Fold 3
- Galaxy Z Flip 3
Galaxy A модели
- Galaxy A72 / A73
- Galaxy A52s / A53 / A54
- Galaxy A33 / A34
- Galaxy A23 / A24
- Galaxy A13 / A14
- Galaxy A04s
Останати модели
- Galaxy Tab S8 / S8+ / S8 Ultra
- Galaxy Xcover 6 Pro
Во оваа листа не вклучивме некои модели од Samsung Galaxy M и F сериите, бидејќи не се достапни за купување на нашиот пазар. Исто така, треба да се напомене дека новото ажурирање ќе го добијат и телефоните на компанијата кои се уште не се претставени, како што се Galaxy Z Fold 5, Z Flip 5 и потенцијално долгоочекуваниот S23 FE.
За потсетување, сите флегшип Galaxy смартфони претставени по S21 серијата, како и избраните телефони од средната класа, почнувајќи од Galaxy A53 и A73, се подобни за најмногу четири главни Android надградби и пет години безбедносни закрпи. Ако вашиот смартфон не е на оваа листа, тоа значи дека неговата софтверска поддршка е истечена.