Новите податоци од аналитичарите на Barclays, Блејни Кертис и Том О’Мали сугерираат дека Apple веројатно нема да ја претстави четвртата генерација на iPhone SE во 2024 година. Одлуката на компанијата да го стори тоа може да биде показател дека сè уште не е подготвена со сопствените 5G модеми .
Во април, друг познат аналитичар, Минг-Чи Ку, ги сподели своите забелешки дека Apple би можел да започне масовно производство на сопствени модеми веќе во 2025 година. Ова е исто така показател дека дури и iPhone 16 моделите ќе користат чипови на Qualcomm.
Очекувањата се дека следниот iPhone SE ќе има сличен дизајн на iPhone 14. Ова значи дека можеби ќе видиме 6,1-инчен OLED дисплеј и Face ID технологија. Актуелниот iPhone SE беше претставен во март 2022 година.