TikTok уживаше значајна предност во однос на Instagram бидејќи им дозволуваше на сите корисници да ги преземаат објавените клипови и да ги објавуваат на други социјални мрежи, а тоа е она што помага да се привлечат други корисници на платформата. Меѓутоа, сега и Instagram ја воведува оваа можност.
Преземањето Reels моментно е достапно само за корисниците на мобилни уреди во САД и е ограничено само на јавните профили и не може да се користи во случај на приватни. Во исто време, корисниците со јавни профили можат да изберат опција која ги спречува другите корисници да ги преземаат нивните Reels видеа. За да ја користите новата опција, треба да ја притиснете иконата Share на избраниот Reels, а потоа да ја изберете опцијата Download.
Меѓутоа, преземеното Reels видео ќе биде брендирано со логото на Instagram и името на профилот на кој му припаѓаат, исто како и во случајот на TikTok.
YouTube почна и да додава заштитни знаци на Shorts клиповите креирани на десктоп, веројатно за да го привлече вниманието на овој краток видео формат.
Instagram го следи тој пат бидејќи го гледа како можност луѓето да ги забележат Reels и на другите социјални мрежи.