Сервис програмата Self Repair на Samsung конечно е достапна во неколку држави на Стариот континент
Споменатата програма им овозможува на корисниците на Samsung Galaxy уредите да купат резервни делови и алатки за самите да направат поправки и сервисирање, со помош на официјални упатства.
Програмата ги опфаќа смартфоните од Galaxy S20, Galaxy S21 и Galaxy S22 сериите, како и Galaxy Book Pro и Galaxy Book Pro 360 лаптопите.
Засега Samsung ја направи програмата Self Repair достапна во Белгија, Франција, Италија, Холандија, Полска, Шведска и Велика Британија.
Програмата не го поддржува познатиот iFixit сервис, како што е случајот во САД, каде што дебитираше минатата година. За уредите од Galaxy S20, S21 и S22 сериите, Samsung нуди оригинални делови, како што се дисплеи, батерии, задни стаклени панели и USB-C портови
Што се однесува до цените, батериите, задниот панел и USB-C портот за Galaxy S22 и S22+ чинат 145 евра, 42 евра и 40 евра, додека истите компоненти за Galaxy S22 Ultra чинат 200, 56 и 37 евра. Цените варираат во зависност од регионот.