Протекоа цените на Nothing Phone (2) за европскиот пазар во пресрет на премиерата, која се очекува наскоро, заедно со речиси сите клучни спецификации на новиот телефон
Новиот водечки модел на компанијата Nothing за 2023 година треба да биде претставен во јули, но пред премиерата на Nothing Phone (2), веќе се надалеку познати цените за Европа благодарение на францускиот портал Dealabs .
Сите очекувавме дека цената на новиот модел малку ќе се зголеми, а според новиот извештај, цените на Nothing Phone (2) ќе изнесуваат 729 евра за верзијата со 8/256 GB меморија конфигурација или 849 евра за 12/512 GB на работна меморија и простор за складирање.
Во меѓувреме, Nothing го претстави својот оригинален проѕирен USB-C кабел за полнење, а како и кај Nothing Phone (1) не се очекува полнач во кутијата. Освен кабли и нов телефон, во последно време се шпекулира дека компанијата развива и свој паметен часовник, што значи дека полека се пополнува екосистемот на уреди, меѓу кои е втората генерација на проѕирни Nothing Ear (2) слушалки.