Веб-прелистувачот DuckDuckGo сега е достапен и за компјутерите со Windows, моментно во бета верзија, откако дојде на Mac минатата година. Новата верзија на прелистувачот фокусиран на приватност е многу слична на верзијата за компјутерите на Apple.
Комбинацијата на прелистувач и пребарувач не собира лични податоци и не ги следи корисниците додека прелистуваат. Самиот браузер изгледа многу како Chrome и Edge со редови на табови на врвот, како и голема област за пребарување на текст и внесување URL адреса. DuckDuckGo додава и свои карактеристики, вклучително и преглед на YouTube (Duck Player) со отстранување на таргетирање на реклами, следење и препораки.
Развојот за Windows траеше долго, бидејќи екосистемот е покомплексен, велат од компанијата. Ова вклучува многу варијации на софтвер, резолуции на екранот и опции за екрани на допир. Самата апликација е креирана на технологијата WebView2 и го користи енџинот за рендерирање Blink познат од Chrome и други прелистувачи.
Апликацијата е во бета верзија и недостасуваат одредени функции, вклучувајќи и поддршка за екстензии.