Мумијата најверојатно потекнува од културата Манчај, која настанала во долината на Лима помеѓу 1500 и 1000 години п.н.е.
Перуанските археолози пронајдоа мумија стара 3.000 години во Лима, што е најновото откритие во земјата на Андите од пред доаѓањето на шпанските конквистадори. Студентите од Универзитетот Сан Марко и истражувачите најпрво за време на ископувањето пронашле остатоци од косата и скелетот на мумијата завиткани во памук, а потоа и останатите делови.
Мумијата најверојатно потекнува од културата на Манчај, која потекнува од долината Лима помеѓу 1.500 и 1.000 години п.н.е., рече археологот Мигел Акилар, и е поврзана со изградбата на храмови во форма на буквата U, свртени кон изгрејсонцето. Едно лице било оставено или жртвувано при завршувањето на изградбата на храмот. Старо е околу 3.000 години, рече Акилар. Археолозите пронашле и работи закопани покрај телото, како пченка, листови од кока и семиња, кои најверојатно биле составен дел од жртвата што била принесена.